бегалци украина
бегалци украина EPA-EFE/ROBERT GHEMENT

За Киев е неприфатлива руската опција за хуманитарни коридори

Опцијата за отворање на хуманитарни коридори, која претходно ја предложи Русија, е неприфатлива за украинската страна, изјави Ирина Верешчук, вицепремиер на Украина.

„Ова е неприфатлива опција за отворање хуманитарни коридори. Нашите луѓе нема да одат од Киев во Белорусија за подоцна да бидат пренесени во Руската Федерација“, изјави Верешчук пренесува РИА Новости.

Таа исто така изјави дека Русија се обидува да манипулира со францускиот претседател Емануел Макрон и другите западни лидери барајќи сите хуманитарни коридори од Украина да одат преку Русија или Белорусија.

„Се надевам дека францускиот претседател Емануел Макрон разбира дека неговото име и искрената желба да помогне во реалноста се експлоатирани и манипулирани од Руската Федерација“, рече вицепремиерот на Украина.

Според неа, Украина испратила покана до Русија да се согласи на прекин на огнот почнувајќи од утринава, со цел да им се овозможи на Украинците да се евакуираат кон градот Лавов во западна Украина.

„Украина го доби предлогот на Русија рано утринава, откако Макрон разговараше со рускиот претседател Владимир Путин“, рече Верешчук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот