фото Архива

Вулин во дуел со Шаип Камбери во српскиот парламент: „Шиптар“ не е навредлив збор

Министерот за внатрешни работи на Србија, Александар Вулин вели дека терминот „Шиптар“ не е навредлив, дека претставува синоним за Албанец и му порача на пратеникот Шаип Камбери да престане да ги учи Србите како да говорат.

Камбери, кој е пратеник во српското Собрание од редовите на Коалицијата „Обединета долина“ – СДУ, вчера при поставување на пратеничко прашање на албански јазик му забележа на министерот за употреба на изразот „Шиптар“.

Камбери денеска не се појавил во Собранието на Србија, а Вулин во реакцијата истакна дека „секој има право да говори на својот јазик и дека тој никогаш не би го скратил тоа право на своите сограѓани Шиптари“.

– Шиптар има право да говори на својот јазик. Не е коректно што не ни овозможи превод, но тоа зборува за него, рече Вулин.

Тој додаде оти не разбира во што е проблемот да нарекува еден народ онака како што го нарекувал и неговиот дедо и прадедо, наведувајќи дека е „тешко да се најде Србин кој не вели Шиптар, баш како што е тешко да се најде Шиптар кој не вели Шиптар“.

Вулин истакна дека во 20 век, „Шиптарите трипати го променија своето име“’ и по падот на Отоманската империја рекле дека „повеќе не се Арнаути, туку Шиптари и дека нивната земја е Шќиприја“.

– И нивната книжевност и граматика ја следеа таа промена. Никаде не пишуваат „ние Арнаути“, туку „Шиптари“. Србите го добија тој збор од нивниот јазик, буквално без превод, додаде Вулин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот