Александар Вучиќ / Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Вучиќ повторува: Преодна влада нема да има

Српскиот претседател Александар Вучиќ ја отфрли можноста за формирање преодна влада. Тој нагласи дека владејачката Српска напредна странка (СНС) нема волја за таков чекор, пренесуваат српските медиуми.

Употреба на звучен топ во Белград: ФСБ ќе истражува дали Вучиќ вршел политички терор над демонстрантите

Во гостувањето на ТВ Пинк, Вучиќ откри дека испратил покани до носителите на изборните листи за консултации околу формирањето на новата влада. Според него, пет до шест политички субјекти веќе потврдиле учество во разговорите, кои ќе завршат најдоцна до 5 април.

„Ќе разговараме со сите пријавени листи, а потоа ќе чекаме конечна одлука од СНС. Јас не сакам нови избори, но едно е сигурно – преодна влада нема да има“, истакна Вучиќ.

Оваа изјава претставува директен одговор на опозициските барања за формирање преодна влада, кои сега, според Вучиќ, се беспредметни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот