Вучиќ го нагости Трамп Јуниор со прасе: Глупаво е да му нудиме шкампи и орада

Српскиот претседател Александар Вучиќ му приреди вечера на синот на американскиот претседател Доналд Трамп Јуниор, кој по втор пат за месец и половина е во посета на Белград. Претходно се одржа средба меѓу српските бизнисмени и Трамп Јуниор.

Трамп Јуниор беше во Белград на 11 март, кога го интервјуираше претседателот Александар Вучиќ за неговиот подкаст.

„Многу странци, со право, велат дека сум тежок човек и дека не е лесно да се разговара со мене, но се уште никој не рекол дека сме негостопримливи“, наведе меѓу другото Вучиќ на Инстаграм профилот „будуќностсрбијеав“.

Тој додаде дека на Трамп Јуниор му подготвиле прасе, бидејќи „глупаво би било да му нудиме шкампи и орада“, напиша српскиот претседател.

Претходно е одржана средба меѓу српските бизнисмени и синот на американскиот претседател, соопштено е на профилот на Стопанската комора на Србија (ПКС).

Во соопштението се наведува дека средбата била „одлична и отворена дискусија“ меѓу претставниците на српскиот бизнис и Доналд Трамп Јуниор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cadez Marko (@instanomadmarko)

„Ви благодариме за одвоеното време и што ни дадовте можност да ве запознаеме со некои од нашите големи претприемачи“, се додава во соопштението.

Марко Чадеж, претседател на ПКС, за Блумберг Адриа изјави дека на собирот присуствувале 33 бизнисмени и директори на домашни компании кои вработуваат повеќе од 35.000 луѓе, нагласувајќи дека ниту еден сектор не останал непокриен.

Како што изјави, имаа можност да ги претстават своите бизниси и проектите на кои работат.

Меѓу нив беа и Веселин Јевросимовиќ, сопственик на Комтрејд и претседател на Бизнис клубот Привредник, како и претставници на МК Груп, Делта Холдинг и Микроелектроника – компанија активна на американскиот пазар, забележува Блумберг Адриа.

Претседателот на ПКС рече дека не се зборува многу за царината, бидејќи желбата е средбата да се фокусира исклучиво на деловни теми. „Не го допревме прашањето за американската администрација, бидејќи и тој не е дел од неа.

Ова е втора посета на Доналд Трамп Јуниор на Белград во последните месец и половина.

Тој го посети Белград и за време на изборната кампања на неговиот татко, на крајот на септември минатата година.

Трамп Јуниор е претприемач и извршен потпретседател на Организацијата Трамп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот