фото: Еурофарм Пелистер

Вториот тим на Е. Пелистер ангажира четири засилувања

Екипата на Еурофарм Пелистер 2 во сезоната 2021/21 ќе влезе посилна за четири нови имиња. Од Еурофарм Пелистер доаѓаат Благојче Трајковски, Цветан Кузманоски и Милан Ѓукиќ, а на клубот му пристапи и Андре Буторац од Голден Арт КЛ7. Сите се обврзаа на договори на една сезона.

34-годишниот Трајковски е искусен голман, поранешен репрезентативец, а пред да дојде во Битола настапуваше за Макс Струмица и Охрид.

21-годишниот Кузманоски се враќа во Еурофарм Пелистер 2 по една полусезона мината во Еурофарм Пелистер. Репрезентативното лево крило беше најдобар стрелец во Суперлигата за Струга, а се наметна и во полусезона под палката на Александар Јовиќ.

Десното крило, 35-годишниот Ѓукиќ се задомаќини во Битола, каде е од 2018 година. Претходно настапуваше во Мешков Брест, Војводина, Раднички Крагујевац, Железничар Ниш.

По една сезона во тимот на Голден Арт КЛ7, во својот роден град и матичен клуб се враќа и 19-годишниот десен бек, Андре Буторац. Тој своите први сениорски минути и натпревари ги одигра во дресот на Пелистер, а сега се враќа да го облече дресот на Еурофарм Пелистер 2- една од најмладите екипи во Суперлигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот