Судење за несреќата во која загина Фросина Кулакова / Фото: „Слободен печат“, Слободан Ѓуриќ

Врховниот суд ја укинал пресудата за дрога за Васил Јованов уште пред тој да признае вина за прегазувањето на Фросина

Врховниот суд ја укинал пресудата на Апелациониот суд со која Васил Јованов кој денеска беше осуден на дванаесетгодишна затворска за прегазувањето на Фросина Кулакова, беше осуден за трговија за дрога.

Одлуката ја донел Советот за казниви дела на Врховниот суд на 7 мај, пред Јованов да признае вина за сообраќајката во која ја усмрти Фросина и пред да му биде изречена пресудата за трагедијата.

Тој преку адвокат до Врховниот суд поднел барање за вонредно преиспитување на правосилната пресуда, кое највисокиот суд го уважил.

-Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија, на седницата одржана на ден 07.05.2025 година, донесе пресуда со која го уважи барањето на осудениот В.Ј. од Скопје, за вонредно преиспитување на правосилната пресуда  поднесено преку бранителот Панче Нефтенов, адвокат од Скопје, ја укина пресудата на Апелациониот суд Скопје од 05.02.2025 година и предметот го врати на второстепениот суд на повторно постапување и одлучување – се вели во соопштението на Врховен.

За трговијата за дрога на Јованов пред несреќата, Кривичен му одреди мерка во поправен дом, што предизвика голем револт во јавноста, за во февруари, по сообраќајката, Апелација да му досуди затворска казна од три години и десет месеци затвор. Оваа пресуда беше спомената на денешната судење како отежнителна околност за Јованов.

Тој сега се наоѓа во притвор, каде ја чека правосилноста на пресудата за сообраќајката. Јованов беше осуден на 12 години затвор затоа што на крајот од јануари пијан, без возачка дозвола и со прекумерна брзина, поминувајќи на црвено ја прегази Кулакова на пешачки премин. Јованов призна вина, а денешната пресуда беше дочекана со револт од семејството Кулакови, кои за утре најавија протест.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот