Врховниот лидер на Иран Ајтолах Хамнеи EPA-EFE/STR

Врховниот лидер на Иран ги отфрли нуклеарните разговори со САД

Техеран нема да преговара директно со САД за нуклеарната програма на Иран, а врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи ги нарече разговорите со Вашингтон „ќорсокак“ додека се водат дипломатски преговори во рамките на Генералното собрание на Обединетите нации, објави Ал Џезира.

Коментарите на Хамнеи на иранската државна телевизија вчера следеа по состанокот меѓу министерот за надворешни работи Абас Арагчи и дипломати од Германија, Франција и Обединетото Кралство – познати како Е3 – како и високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, за да разговараат за повторното воведување на санкциите, кои треба да стапат во сила за неколку дена.

Продолжувањето на разговорите со САД е главна точка на сопнување меѓу преговарачите. За време на својот говор на Генералното собрание на ОН, американскиот претседател Доналд Трамп вети дека Иран „никогаш нема да има нуклеарно оружје“, опишувајќи го Техеран како „најголемиот државен спонзор на тероризмот во светот“.

„САД однапред го објавија исходот од преговорите“, рече Хамнеи во снимено обраќање. „Резултатот е суспензија на нуклеарните активности и збогатувањето. Ова не се преговори. Ова е наредба, наметнување“.

За потсетување, Советот за безбедност на ОН пред неколку дена отфрли резолуција за продолжување на олеснувањето на санкциите врз Иран. Земјите од Е3 го обвинија Техеран за кршење на своите нуклеарни обврски, вклучително и акумулирање на залихи на ураниум повеќе од 40 пати поголемо од дозволеното ниво според нуклеарниот договор од 2015 година, од кој Трамп еднострано се повлече во 2018 година за време на неговиот прв мандат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот