Вработен во МВР, сведочеше во случајот „Организатори на 27 април”

epa05931626 Zoran Zaev (C), the leader of Social Democratic Union of Macedonia with blood on his face tries to leave the Parliament after protestors attacked him after they stormed Macedonian Parliament in Skopje, The Former Yugoslav Republic of Macedonia on 27 April 2017. President Ivanov didn't give the mandate for a new government, although Zoran Zaev (the leader of SDSM) provided a list of signatures, guaranteeing parliamentary majority he rejected giving him the mandate with explanation that the coalition between Zaev and the Albanian parties (with their platform for two official languages in the country) would destroy the constitutional order in the country. EPA/STR

Вработен во Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, Марјан Димовски, денеска сведочеше во случајот против „Организаторите за 27 април”, во однос на вештачењето на мобилните телефони на дел од обвинетите.

– Извештајот е од 26.06.2018 година по наредба на Катица Јанева, од Специјалното јавно обвинителство. Во ноември 2020 година, не можам точно да се сетам, доставивме копија од вештачењето по барање на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Немам лиценца за вештачење издадено од Министерството за правда, не сум регистриран во регистарот на вешти лица, изјави сведокот Димовски.

Воедно, тој истакна дека негова надлежност е само да ги извади податоците од мобилните телефони, но не и разгледување на нивната содржина.

По исказот на овој сведок одбраната побара да не се изведуват доказите од извештајот изготвен од Димовски, од причина дека истиот не поседува лиценца за вештачење од ваков тип.

Обвинителката Рускоска, во својот говор посочи дека дека во овој случај не се работи за вешт наод и мислење, туку извештај од екстракција на мобилните телефони. Според обвинителката ова прашања треба да се разграничи.

Судијата Илија Трпков, ги отфрли приговорите на одбраната и дозволи доказите од извештајот да се изведат.

Судењето за овој случај го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Вилма Рускоска.

Во овој предмет обвинети се поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски, поранешните министри за транспорт и врски и за труд и социјална политика Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и поранешниот директорот на УБК Владимир Атанасовски. Според обвинението тие се осомничени за кривичното дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста

Видео на денот