ФОТО: МИА

Вработен во беровскиот здравствен дом фатен со марихуана, полицијата го приведе

Полициски службеници од ПС Виница во координација со ПС Берово, синоќа околу 22 часот, на улицата „Браќа Миладинови“ во Виница, лишиле од слобода 29-годишен возач од Берово, Б.Р., бидејќи кај него е пронајдена дрога.

Како што соопшти денеска МВР, тој бил сопрен додека управувал возило „Дација Сандеро“ со беровски регистарски ознаки, сопственост на ЈЗУ „Здравствен дом“ – Берово.

При преглед кај него била пронајдена марихуана и ризла. По добиени оперативни сознанија и по наредба од јавен обвинител од ОЈО Кочани, против Б.Р. е поведена соодветна постапка.

По документирање на случајот, против Б.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот