ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО | Убиени девет деца на палестинска докторка во израелски воздушен напад

Во израелски воздушен напад во појасот Газа погодена е куќа при што загинале девет деца, а тешко повреден е таткото и уште едно дете.

Како што објави министерството за здравство во Газа, докторка која работела во одделот за итни случаи во болницата „Медицински комплекс Насер“ на југот од Појасот Газа, доктор Алаа ал-Наџар, вчера ги оставила своите десет деца дома и отишла на работа. Но само по неколку часа, во истата болница биле донесени телата на седум деца – повеќето од нив со тешки изгореници.

Тие беа нејзини деца, убиени во израелски воздушен напад врз семејната куќа, соопшти Цивилната заштита на Газа. Најстарото дете имало 12 години, најмалото само три. Телата на уште две деца – седуммесечно бебе и двегодишно дете сè уште се закопани под урнатините, јавува Си-ен-ен. Само едно дете преживело, но е со сериозни повреди. Сопругот на докторката, кој е исто така доктор, е тешко ранет. Британски хирург кој работи во болницата изјавил дека го оперирал нејзиниот 11-годишен преживеан син.

Според Цивилната одбрана и Министерството за здравство, израелскиот воздушен напад ја погодил нивната семејна куќа во населбата Кан Јунис, на југот од Газа. Цивилната одбрана на Газа објави вознемирувачко видео од местото на нападот. На неа се гледаат медицински работници како креваат ранет човек на носилка, додека други се обидуваат да го изгаснат пожарот што ја зафатил куќата. Во урнатините наоѓаат тела на неколку деца и ги завиткуваат во бели чаршафи.

Израелската војска објави дека нејзините авиони погодиле „неколку осомничени лица“ во Кан Јунис во петокот, додавајќи дека „тврдењето за цивилни жртви кои не биле вклучени во борбите во моментов е во фаза на проверка“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот