Сообраќаен хаос во Тетово / фото: Слободен печат

Возач покосил две жени на булевар во Тетово, едната има тешки повреди

Вчера во 20:50 часот во СВР Тетово било пријавено дека на булевар „Илинденска“ во Тетово, возач на автомобил „голф“, С.Б.(67), од селото Мала Речица, прегазил две жени – Г.Т.Т.(61) и С.Н.(58), двете од Тетово.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Г.Т.Т., додека со телесни повреди се здобила С.Н., констатирани во Клиничка болница Тетово“, соопштија од МВР.

По наредба на јавен обвинител, извршен бил увид од екипа на СВР Тетово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот