Хераклеја Линкестис / Фото: Википедија

Возач на автомобил ја скршил главната врата на Хераклеја и избегал

Непознат возач вчера со автомобил ја оштетил вратата на главниот влез во археолошкото наоѓалиште Хераклеја Линкестис во Битола, по што избегал од местото, соопшти МВР.

„На 25.05.2025 во 08:55 часот во СВР Битола е пријавено дека на ул.„Буковска“ во Битола, патничко возило удрило во влезната врата од главниот влез на археолошкиот локалитет „Хераклеа Линкестис“ и ја оштетил, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Битола и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, пишува во полицискиот билтен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот