Фото: МВР

Возач избегал откако удрил во човек кој излегувал од автомобил, жртвата има тешки повреди

Скопјанец е тешко повреден откако, додека излегувал од својот паркиран автомобил, на него налетал возач на „Ауди“, кој потоа избегал од местото, соопшти полицијата.

„На 03.09.2025 околу 20:45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки удрило во Х.Ј.(36) од Скопје, кој излегувал од патничко возило „тојота“ кое претходно го паркирал, а возачот со возилото го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Х.Ј., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот“, велат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!