Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Волво отпушта 3.000 вработени
Шведскиот производител на автомобили „Волво Карс“ соопшти дека ќе отпушти околу 3.000 вработени, главно од административниот сектор во Шведска, како дел од програмата за штедење и зголемување на ликвидноста.
Препорачано
„Автомобилската индустрија поминува низ предизвикувачки период. Треба да го зајакнеме генерирањето на паричен тек и трајно да ги намалиме трошоците, рече извршниот директор на Volvo Cars, Хокан Самуелсон.
Компанијата, во сопственост на кинескиот „Џили Холдинг“, нагласува дека овие мерки се дел од долгорочна стратегија и дека останува посветена на транзицијата кон целосно електрични возила, пренесува CNBC. Волво, исто така, ги повлече своите финансиски прогнози за 2025 и 2026 година, наведувајќи ги зголемените трговски ризици и неизвесностите на пазарот.
Компанијата нагласува дека „тешките, но неопходни“ одлуки за отпуштање на вработени се клучни за компанијата да остане конкурентна и да ги исполни своите стратешки цели во иднина. „Волво Карс“ неодамна објави дека продажбата во април се намалила за 11 проценти на годишно ниво на 58.881 возила, делумно поради слабата побарувачка за електрични возила (EV).
Самуелсон, презентирајќи го извештајот за првиот квартал од 2025 година, изјави дека автомобилската индустрија е во средината на многу тежок период, со предизвици какви што никогаш порано не се видени.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
7мин
-
11мин
-
21мин
-
22мин
-
22мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5