Украински војници во Николаев / Фото: EPA-EFE/SEDAT SUNA

Воени заробеници во Украина биле малтретирани и мачени, оцени ОН

Воени заробеници во Украина биле малтретирани и мачени и на руска и на украинска територија, тврдат експерти за човекови права на Обединетите Нации, јави германската новинска агенција ДПА.

Шефицата на делегацијата на ОН за човекови права во Украина, Матилда Богнер денеска информираше за откритијата на организацијата преку видео линк од Киев.

Според извештајот, само украинската страна им дозволила пристап на експертите до заробените војници, согласно со меѓународното право. Експертите разговарале со украински заробеници откако тие биле пуштени од руски притвор. Делегацијата се повикува на детални информации, дадени од заробениците.

Во изминативе месеци, делегацијата зборувала со вкупно 159 воени заробеници притворени од Русија или страни во конфликтот поврзани со оваа држава, вклучувајќи 20 женски лица. Тимот експерти спроведе разговори со 175 машки лица, држени во заробништво од Украинци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот