Фото: Арбнора Мемети

Во Велес Семакедонски православен христијански собор

Во Црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Велес денеска на празникот на Сите македонски светители ќе биде одржан традиционалниот Семакедонски православен христијански собор.

Со Светата архиерејска литургија, која ќе започне во 8:45 часот ќе чиноначалствува Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г. г. Стефан, во сослужение на архиереите на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и на бројно македонско православно свештенство.

Семакедонскиот црковно-народен собор, почнувајќи од 1998 година, веќе дваесет и седум години се одржува во првата недела од месец октомври, период во кој се има случено еден од најважните настани за МПЦ-ОА. Во 1958 година, од 4 до 6 октомври, во катедралниот храм на „Света Софија“ во Охрид е одржан Вториот црковно-народен собор, на кој е донесена Одлуката за возобновување на Охридска архиепископија во лицето на Македонската православна црква. Токму во чест и спомен на овој историски настан Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА го има востановено чествувањето на празникот на Сите македонски светители.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот