Фото: EPA-EFE/MYKOLA TYS

Во Украина досега загинале над 3.000 цивили, велат Обединетите нации

Канцеларијата на ОН за човекови права (ОХЦХР) денеска соопшти дека бројот на цивили убиени во Украина од почетокот на руската инвазија на 24 февруари надмина 3.000.

Од петокот, бројот на загинати се зголеми за 254, на вкупно 3153. ОХЦХР наведе дека вистинската бројка е веројатно значително поголема, нагласувајќи дека е тешко да се добијат податоци и да се потврдат.

Повеќето од жртвите се убиени со експлозивно оружје со голем дострел – во ракетни напади и воздушни напади, соопшти канцеларијата на ОН, без да ја припише одговорноста за жртвите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!