Полиција

Во Топола уапсен 82-годишен старец за време на полициски час, полицијата кај него пронајде хероин

Во семејната куќа во која А.П. престојува, полицијата пронајде и помало количество таблети од листата на психоактивни супстанци.

Полицијата во Топола го уапсила А.П. (50), поради постоење на основано сомнение дека извршил кривично дело неовластено држење на опојни дроги, а кривична пријава за истото дело доби и неговиот 82-годишен татко.

Полицијата осомничените ги затекнала на улица во околината на Топола, а 82-годишниот старец, здогледувајќи ги полициските службеници, ја фрлил кесата со околу 3,8 грама хероин. Во семејната куќа во која А.П. престојува, полицијата пронајде и помало количество таблети од листата на психоактивни супстанци.

На осомничениот А.П. му е одреден притвор од 48 часа и тој, со кривичната пријава ќе биде предаден во Основното јавно обвинителство во Аранѓеловац.

Исто така, на 82-годишниот маж му е поднесена и прекршочна пријава поради кршење на Наредбата за ограничување и забрана за движење.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот