Фото: Слободен печат

Во тетовско се пали смет низ нивите без контрола, на ден по десетина пожари на отворено

Температури и до 18 степени целзиусови во полошко, невообичаени за овој период од годината.

За земјоделците веќе се распролети, па традиционално започнаа со палење на стрништата. Нема атар во тетовско каде што не горат стрништа, од каде најчесто се разгоруваат пожарите.

Од ТППЕ Тетово велат дека во изминативе десетина дена евидентирани се над 50 пожари на отворено. Земјоделците да внимаваат, ако се одлучиле да палат барем да бидат присутни на лице место.

Фото: Слободен печат

„Периодов имаме голема суша, земјоделците ги чистат нивните ниви и сметот го палат, а потоа знае да избувне и пожар. Поради ваквата состојба сега имавме големи пожари во Брвеница и во атарот на шарпланинското село Вешала. Мора земјоделците кога ги палат стрништата да бидат на лице место или пак да не повикаат. Се знае дека во нивите имаме и домови и многу често можат да се запалат и куќите. За десет дена имавме 50 пожари на отворено, уште трае зимскиот период за греење, граѓаните да ги чистат оџаците оти имаме доста пожари евидентирано и во објекти“, рече Авни Амети Командир на ТППЕ Тетово.

Казни нема, а несовесните граѓаните секоја година истата приказна, но со поголеми размери.

Од Општина Тетово, велат дека се вршат редовни и вонредни инспекциски надзори, но повеќе се опоменува отколку што се казнува.

Од Центарот за управување со кризи велат дека бројката е голема, ако земе предвид фактот дека во текот на цел месец јуни во 2023 година, биле евидентирани само 20 пожари на отворено.

„Луѓето си ги палат и пасиштата и стрништата, но обично тие почнувале од март со вакви активности, сега се затопли и започнаа од овој месец. Ваквата практика постоела и порано, но земјоделецот тоа го пријавувал во полиција, се знаело кој пали и ќе се заорало неколку бразди за да не се шири пожарот. Тоа им било обврска и да стои тука додека не се изгасне пожарот сега го пали заминува и ветерот го менува правецот и пожарот се шири кон блиската шума“, вели Илија Бојаровски од Центарот за управување со кризи.

Инаку над 36 пожари на отворено имало во изминатите 24 часа, а четири сè уште се водат како активни, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Над 36 пожари на отворено за 24 часа, четири активни

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот