Фото: Радио МОФ

Во Тетово поставена конструкција за рециклирање пластични капачиња, ја наполниле со секаков отпад

Само два месеца од поставувањето на конструкцијата за собирање капачиња во центарот на Тетово, таа веќе е преполна со лименки, тетрапак-амбалажи и пластични шишиња без капачиња, пишува Радио МОФ.

Конструкцијата е поставена преку проектот „Активирај се навреме“ што под мотото „Секое капаче е вредно“ освен во Тетово во текот на ова лето постави неколку вакви конструкции во Скопје, Битола, Охрид и Делчево.

Целта на проектот е собраните капачиња да се рециклираат, а средствата кои се обезбедуваат преку нивниот откуп, се насочуваат кон детските одделенија во болниците низ земјава на кои им се потребни реновирање и подобри услови за лекување.

Од иницијативата за Радио МОФ велат дека со проектот најпрво започнале во главниот град, поставувајќи конструкција пред влезот на Зоолошката градина, а како што објаснуваат, досега успешно ја наполниле и испразниле дури трипати во текот на летово.

„Кампањата има одличен одзив во Скопје веќе третпат ја празниме и има доста интерес. Од аспект на правилна селекција, моментално можеме да забележиме дека во Битола и Скопје најсоодветно се селектира и ретко може да се забележи други отпадоци освен капачиња“, велат од „Активирај се навреме“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот