Израелски напади во Газа/Фото: EPA-EFE/ATEF SAFADI

Во текот на ноќта израелските сили изведоа десетици напади врз Појасот Газа

Десетици израелски воздушни напади беа пријавени во близина на Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа, градот Газа на север и областа Деир ал-Балах во централниот Појас во текот на ноќта, при што загинаа најмалку три лица, се наведува во извештаите на палестинските медиуми.

Немаше потврда или коментар за нападите на Израелските одбранбени сили (ИДФ), кои вчера започнаа проширена офанзива против палестинската милитантна група Хамас во Газа, објави „Тајмс оф Израел“.

Како што објави Ал Џезира, израелските сили започнаа околу 30 воздушни напади врз неколку делови од градот на југот од Појасот Газа, а бомбардирана беше и фармацевтската лабораторија на медицинскиот комплекс Насер во Кан Јунис, додека телата на Палестинците убиени во други напади беа донесени во болницата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот