
Во Скопје Север ќе се обновуваат улици, паркинзи, пешачки патеки
Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, најавува голема градежна офанзива во населбата Скопје Север при што ќе се реконструираат улици, пешачки патеки, фасада на училиште, паркиралишта. Како што вели во проектите во населбата ќе се вложат 65 милиони денари.
Препорачано
Започнуваме со целосна реконструкција на улицата Боро Менков. Реконструкцијата ќе ги опфати и тротоарите, пешачките патеки како и паралелните паркинзи. Во одреден дел на улицата ќе обезбедиме и нови паркинг места. Ова е една од најголемите и најзначајните улици во Скопје Север. Ќе се реконструира и улицата Костурска заедно со двата големи паркинг-простори и пристапни патеки. Исто така за прв пат ќе се изгради и тротоар за безбедно и непречено движење- информира Костовски.
Тој најавува и обнова на сите пристапни патеки до зградите во должина од над 2 000 метри, со која ќе бидат опфатени патеките на зградите на улиците Боро Менков, Костурска, Лазо Москов, Гоце Стојчевски.
Ќе се реконструира и фасадата на општинското основно училиште „Петар Здравковски – Пенко“ кое се наоѓа во населеното место Скопје Север. Ќе бидат опфатени и неколку помали паркинзи, кои беа на барање на жителите. Ново детско игралиште, нови паркови, поставување на нова урбана опрема во неколку делови на населеното место Скопје Север, вели градоначалникот и додава дека е ова е најголемата градежна офанзива која ќе започне наскоро во оваа населба.