Во Скопје сега има микробиолошка лабораторија која работи и во втора смена

Министерот за здравство Азир Алиу денеска имал работна средба со директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Марија Андоновска, со раководители на оддели и вработени, на која, како што информира Министерството, била „презентирана успешната работа на раководството на ИЈЗ, актуелните проекти и идни планови“.

-Институтот за јавно здравје е една од најважните институции во државата, ќе се фокусираме на дигитална платформа за систематизирање на податоците, секој податок и документ кој ќе произлезе од оваа институција ќе се преточи во конкретен акциски план. Благодарение на успешното менаџирање и домаќинска работа, нивото на ИЈЗ е значително подигнато и иницирани се новитети за раст и развој на установата, посочи министерот Алиу на средбата.

Директорката Марија Андоновска ги презентираше конкретните активности, кои се реализирани во изминатиот период, како што се воведување втора смена на микробиолошка лабораторија, со што ИЈЗ е единствена микробиолошка лабораторија во којашто граѓаните можат да добијат здравствена услуга и после работното време, соопшти Министерството за здравство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот