Сингапур / Фото Архива на СП

Во Сингапур се влошува ситуацијата со денга треската: Бројката на мртви се искачи на 19 лица

Од јануари со денга треската се заразиле 18.673 лица, што е најлош резултат од 2013 година.

Во Сингапур дошло до неочекувано ширење на денга треската, а само вчера починале три лица, со што вкупниот број на смртни случаи се зголеми на 19.

Досега во земјата се регистрирани 413 активни кластери на болеста, пред се во источните делови на Сингапур.

Како што наведуваат локалните власти, ова е шеста последователна недела во која денга треската не се смирува, а досега се регистрирани неколку илјади случаи во оваа мала островска земја. Само минатата недела се регистрирани 1.736 болни.

Од јануари со денга треската се заразиле 18.673 лица, што е најлош резултат од 2013 година, кога во текот на целата година биле заразени 22.170 лица.

Минатата година од оваа болест починале вкупно 20 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот