Во сеќавање на загинатата планинарка Калина Велевска ќе се вози велосипедска тура на Кајмакчалан

Во сабота, на 25-ти септември, ќе се организира велосипедска тура до Кајмакчалан посветена на планинарката Калина Велевска, која загина во 2018 година искачувајќи се на врвот, заедно со Александар Миновски.

„На турата, другар на Калина ќе го вози нејзиниот велосипед. Во нејзино сеќавање и спомен ќе возиме до врвот Кајмакчалан, највисокиот врв на планината Ниџе“, пишува во објавата на настанот.

Организаторите напоменуваат дека во случај на лоши временски услови, турата ќе биде откажана.

Таа е со должина од 64 километри (одење – враќање) со вкупна денивелација од 2.080м., искачување до 2.521м. Турата е категоризирана како многу тешка и е за велосипедисти со многу висока психо/физичка подготвеност, велат организаторите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот