Последици од ракетните напади н Израел во Техеран / Фото: EPA-EFE/IRANIAN RED CRESCENT SOCIETY HANDOUT -- MANDATORY CREDIT -- BEST QUALITY AVAILABLE -- HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Во ракетните напади врз Иран животот го загубиле над 450 луѓе

Според активистите за човекови права во Иран (ХРАНА), 452 лица се убиени, а 646 повредени во израелските напади врз Иран, вклучувајќи цивили, воен персонал и неидентификувани жртви – бројки што далеку ги надминуваат официјалните владини информации, пренесува А Њуз.

Непрофитната организација „Активисти за човекови права во Иран “ ги следи жртвите уште од почетокот на бомбардирањето. Според ХРАНА, досега се убиени 224 цивили , а 188 се повредени. Уште 109 војници го загубиле животот, а 123 се повредени, се вели во извештајот на ХРАНА него.

Исто така, според извештајот, има 119 загинати и 335 повредени, кои сè уште не се идентификувани.

Со тоа, вкупниот број на убиени лица, според ХРАНА, се искачи на 452, а повредени се 646.

Со оглед на ограничувањата за присуството на новинари во земјата, тешко да се потврди вистинската бројка на жртви од конфликтот досега.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот