Газа израелски напади EPA-EFE/MOHAMMED SABER

Во последните 24 часа, најмалку 71 Палестинец е убиен во Појасот Газа

Во последните 24 часа, најмалку 71 Палестинец е убиен во Појасот Газа, вклучувајќи петмина баратели на помош, според Министерството за здравство во Газа.

Како што е објавено, во истиот период, 304 лица се ранети во Газа, пренесува Ал Џезира.

Покрај идентификуваните жртви од нападот во последните 24 часа, од урнатините се извлечени уште четири тела, како резултат на претходните израелски напади, се додава во соопштението.

Според палестински медицински извори, војната во Газа меѓу Израел и палестинското милитантно движење Хамас од октомври 2023 година убила 65.283 лица, а 166.575 се повредени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот