Градење / Фото EPA-EFE/HANNIBAL HANSCHKE

Во ноември издадени помалку одобренија за градба

Во ноември 2024 година биле издадени 260 одобренија за градење, што е за 18.2% помалку во однос на истиот месец од претходната година. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4 250 392 илјади денари, што е за 63.8% помалку во однос на ноември 2023 година, соопшти Државниот завод за статистика.

Намалената предвидена вредност се должи на фактот дека во истиот месец од претходната година било издадено одобрение за градење на објект од нискоградбата со поголема вредност, односно изградба на меѓусебно поврзан гасовод Република Северна Македонија – Грција.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 155 (59.6%) се наменети за објекти од високоградба, 59 (22.7%) за објекти од нискоградба и 46 (17.7%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 260 објекти, на 146 (56.1%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 114 (43.9%) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 542 станови, со вкупна корисна површина од 49 111 м2.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот