ЈСП
Градски автобуси на ЈСП / Фото: Драган Митрески

Во недела повеќе автобуски линии ќе сообраќаат по изменет режим поради улична трка по повод 13 Ноември

Во недела (13.11.2022 год), во период од 16.30 до 19 часот, поради одржување на улична трка по повод празникот 13 Ноември, поголем дел од линиите од јавниот превоз ќе имаат изменет режим на сообраќање од вообичаениот, информираат од ЈСП „Скопје“.

Трасите на движење се однесуваат на поголем број на автобуски линии.

Линиии 3, 3А и 3Б ќе сообраќаат во насока од Аеродром кон Клинички центар и Панорама, од Југодрво ќе продолжуваат право по улица „Кирил и Методиј“, кај Дом на печат ќе вртат лево по булевар „Мајка Тереза“ до Клинички центар и Панорама. Во обратна насока, ќе возат по булевар „Мајка Тереза“ према центар, ќе вртат десно по улица „Јордан Мијалков“, кај „Неуромедика“ ќе вртат лево по Јужен булевар до раскрсницата кај Тутунски комбинат, потоа лево по улица „11 Октомври“ и ќе продолжуваат по своите вообичаени траси.

Автобусите на линијата 4 ќе возат во насока од населба 11 Октомври кон Хром, од улица „11 Октомври“ ќе врти лево по улица „Кирил и Методиј“, кај Дом на печат десно по булевар „Климент Охридски“, па лево на булевар „Партизански одреди“ и ќе продолжува по својата вообичаена траса. Во обратна насока, од булевар „Партизански одреди“ ќе врти десно по булевар „Климент Охридски“, па лево по улица „Јордан Мијалков“, кај „Неуромедика“ ќе врти лево по Јужен булевар до раскрсницата кај Тутунски комбинат, потоа десно по улица „11 Октомври“ и ќе продолжува по својата вообичаена траса.

Линија 4А ќе сообраќа во насока од Усје кон Тафталиџе, од улица „11 Октомври“ ќе врти лево по улица „Кирил и Методиј“, кај Дом на печат ќе продолжува право и од кружнит тек кај Католичка црква ќе продолжува по улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“ по својата вообичаена траса.Во обратна насока, од улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“, улица „Димитрие Чуповски“, десно по булевар „Климент Охридски“, лево по улица „Јордан Мијалков“, кај „Неуромедика“ ќе врти лево по Јужен булевар до раскрсницата кај Тутунски комбинат, потоа десно по улица „11 Октомври“ и ќе продолжува по својата вообичаена траса.

Линија 5 ќе вози во насока од Ново Лисиче кон Ѓорче Петров, од Југодрво ќе продолжува право по улица „Кирил и Методиј“, кај Дом на печат ќе продолжува право и од кружнит тек кај Католичка црква ќе продолжува по улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“ по својата вообичаена траса. Во обратна насока, од улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“, улица „Димитрие Чуповски“, десно по булевар „Климент Охридски“, лево по улица „Јордан Мијалков“, кај „Неуромедика“ ќе врти лево по Јужен булевар до раскрсницата кај Тутунски комбинат, потоа лево по улица „11 Октомври“ и ќе продолжува по својата вообичаена траса.

Линија со број 7 ќе сообраќа во насока од Лисиче кон Карпош, од Југодрво ќе продолжува право по улица „Кирил и Методиј“, кај Дом на печат десно по булевар „Климент Охридски“, лево на булевар „Партизански одреди и ќе продолжува по својата вообичаена траса. Во обратна насока, од булевар „Партизански одреди“ ќе врти десно по булевар „Климент Охридски“, лево по улица „Јордан Мијалков“, кај „Неуромедика“ ќе врти лево по Јужен булевар до раскрсницата кај Тутунски комбинат, потоа десно по улица „11 Октомври“ и ќе продолжува по својата вообичаена траса.

Линијата 15 ќе сообраќа во насока на Ново Лисиче кон Карпош, од Југодрво ќе продолжува право по улица „Кирил и Методиј“, кај Дом на печат десно по булевар „Климент Охридски“, лево на булевар „Партизански одреди и ќе продолжува по својата вообичаена траса. Во обратна насока, од булевар „Партизански одреди“ ќе врти десно по булевар „Климент Охридски“, лево по улица „Јордан Мијалков“, кај „Неуромедика“ ќе врти лево по Јужен булевар до раскрсницата кај Тутунски комбинат, потоа лево по улица „11 Октомври“ и ќе продолжува по својата вообичаена траса.

Линиите 21, 21A, 21Б и 22 пак ќе возат во насока од Транспортен центар кон Бардовци и Волково, кај Комплекс банки ќе продолжуваат по булевар „Крсте Мисирков“, лево по булевар „Гоце Делчев“, булевар „Партизански одреди“ и ќе продолжува по својата вообичаена траса. Во обратна насока ќе сообраќа по истата изменета траса.
Линија 23 ќе вози во насока од Аеродром кон Дом на печат, од Југодрво ќе продолжува право по улица „Кирил и Методиј“ до Дом на печат а во обратна насока, од булевар „Мајка Тереза“ лево по улица „Јордан Мијалков“, кај „Неуромедика“ ќе вртат лево по Јужен булевар до раскрсницата кај Тутунски комбинат, потоа десно по улица „11 Октомври“ и ќе продолжува по својата вообичаена траса.

Линија 24 ќе вози во насока од Кисела Вода кон Тафталиџе, кај подвозникот ќе врти лево по улица „Кирил и Методиј“, кај Дом на печат десно по бул. „Климент Охридски“, па лево на булевар „Партизански одреди и продолжува по својата траса. Во обратна насока, од булевар „Партизански одреди“ ќе врти десно по булевар „Климент Охридски“, лево по улица „Јордан Мијалков“ и ќе продолжува по својата вообичаеена траса.

Линија 27 ќе сообраќа во насока од населба Аеродром кон Дом на печат, од Југодрво ќе продолжува право по улица „Кирил и Методиј“ до Дом на печат. Во обратна насока од булевар „Мајка Тереза“, лево по улица „Јордан Мијалков“, кај „Неуромедика“ ќе врти лево по Јужен булевар до раскрсницата кај Тутунски комбинат, потоа лево по улица „11 Октомври“ и ќе продолжува по својата вообичаена траса.

Линиите 50, 50А, 57 и 59 ќе возат во насока на Клинички центар, Дом на печат, Козле и Карпош, од постојка Бит пазар ќе вртат десно по булевар „Гоце Делчев“, после мост Гоце Делчев и булевар „ВМРО“ ќе продолжуваат по својата вообичаена траса. Во обратна насока ќе се движат по истата вообичаена траса.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот