Општина Центар/ Фото: Слободен печат

Во мандатот на Герасимовски издадени 35 дозволи за градба во Центар

Општина Центар во периодот од јануари 2021 година до денеска издала вкупно 68 одобренија за градење, од кои 35 се издадени во периодот од доаѓањето на градоначалникот Горан Герасимовски на чело на Општината.

Од Центар информираат дека од оваа година започнуваат со нова активност, односно објавување на полугодишни извештаи за издадените одобренија за градење.

Се работи за управни постапки кои ја имаат поминато целата процедура за издавање правосилно одобрение за градење и до општината ја имаат доставено целосната потребна документација. Овие полугодишни извештаи кои општината ќе ги објавува се уште еден чекор напред кон целосно воспоставување на целосно транспарентни и отчетни институции – велат од Општината.

Оваа нова востановена практика, според нив, е позитивен пример и за останатите општини, не само во Скопје, туку и во целата држава, за тоа како да се подигне нивото на транспарентност во самите институции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот