
Во Крива Паланка се темпира формата за Балканското првенство
Досегашните подготовките се одвиваа во Скопје и Кавадарци, а во наредните две недели тренизите ќе се реализираат во спорстската сала во Крива Паланка.
Препорачано
Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски во соработка со Митрополитот на Кумановско-осоговската епархија, г. Јосиф, несебично го помогнаа и поддржаа овој тренажен процес на младите кошаркарки, со што нивните подготовки во општина Крива Паланка ќе продолжат до 10.08.2019 г.
Заедно со претставниците од тимот на селектори, Ведран Белешковски од Крива Паланка и Никола Златев од Кавадарци, најавија и официјален контролен натпревар против Бугарија.
– Во тимот на младите репрезентативки на нашата држава, се и пет кошаркарки од Крива Паланка, што претставува особена чест и успех за нашиот град, нивите тренери и родители, како и љубителите на кошарката. Затоа, особено сум горд на младите спортски ентузијасти од општина Крива Паланка, како што се Ведран и Ирена, а неизмерно ги ценам и напорите на родителите на децата спортисти и нивната огромна улога во моралната, финасиската и секој друг вид на поддршка и помош што несебично и секојдневно им ја пружаат на овие млади и перспективни кошаркарски таленти. Ние како институција помагаме и даваме поддршка во согласност со финансиските можности и програми на општината и континуирано работиме и правиме напори со конкрени активности, во насока на развој на спортот и спортските таленти од општина Крива Паланка – вели Мицевски.
Воедно на крајот им посака успешен тренинг и пријатни и убави моменти на младите репрезентативки во нивниот тренажен процес во градот, како и успех на престојното Балканско првенство во Словенија за кошаркарки до 14 години. Таму ќе играат против Хрватска на 15 август (11:15 часот), истиот ден, но од 20.30 часот против Унгарија. На 16 август ривал од 09.00 часот е Украина, па од 18.00 часот силите ќе ги одмерат со Летонија.