Станбена зграда/ Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Во јули зголемен бројот на издадени одобренија за градење

Во јули 2025 година се издадени 401 одобрение за градење, што е за 7,2 отсто повеќе во однос на истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика.

Вкупната предвидена вредност на објектите изнесува 31,7 милијарди денари, што е за 345,3 проценти повеќе, поради одобрението за изградба на ветерен парк во општините Штип, Радовиш и Карбинци, со вредност од 500 милиони евра.

Одобренијата се однесуваат на 228 објекти од високоградба, 46 од нискоградба и 127 за реконструкција. Како инвеститори, 57,9 отсто се физички лица, а 42,1 проценти деловни субјекти. Предвидена е изградба на 667 станови со вкупна корисна површина од 60.676 метри квадратни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот