Фото: EPA-EFE/TOLGA BOZOGLU

Во јануари Светската програма за храна ја завршува својата главна програма за Сирија

Светската програма за храна на ОН (ВФП) соопшти дека во јануари ќе ја прекине својата главна програма за помош на населението во Сирија, земја разурната од над децениската војна, каде што повеќе од 12 милиони луѓе немаат редовен пристап до храна.

Во последниве години, ВФП ја намали својата поддршка за Сирија и соседните земји кои примија милиони Сиријци, бегајќи од 13-годишниот конфликт.

Хуманитарните агенции се борат да го пренасочат вниманието на светот кон Сирија, бидејќи има замор кај донаторите и намалени буџети.

ВФП во јули годинава соопшти дека поради буџетските ограничувања мора да ја намали помошта за Сирија и неа место 5,5 милиони погодени лица ја добиваат само околу половина од наведената бројка.

Еден месец подоцна, агенцијата ја прекина помошта за сириските бегалци во Јордан.

ВФП и Агенцијата на ОН за бегалци во ноември соопштија дека од следната година за една третина ќе го намалат бројот на сириски бегалци во Либан кои ќе добиваат финансиска помош.

Во својата најнова изјава во петокот, ВФП истакна дека намалувањето на помошта се случува затоа што несигурноста во испораката на храна е „полоша од кога било“ и проценува дека тоа ќе влијае врз милиони луѓе.

Во последниот септемвриски извештај на агенцијата, се наведува дека 3,2 милиони Сиријци примаат помош преку нејзините програми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот