Израелски напади врз Газа/Фото: EPA-EFE/HAITHAM IMAD

Во израелски воздушни напади врз градот Газа денеска, убиени се 18 Палестинци

Најмалку 18 Палестинци, вклучувајќи седум деца, беа убиени во израелски воздушни напади врз куќи и шатори во кои се сместени раселени лица низ градот Газа, соопштија медицински извори.

Во еден од нападите од синоќа, тројца цивили беа убиени, а седум беа повредени кога израелски воени авиони бомбардираа стан во населбата ал-Дарај, пренесува Вафа.

Уште тројца Палестинци беа убиени, а неколку беа ранети откако израелски воени авиони нападнаа шатор во кој се сместени раселени семејства во рамките на Исламскиот универзитет во населбата ал-Римал ал-Џануби, западно од градот Газа.

Во Тел ал-Хава, југозападно од градот, тројца лица беа убиени, а неколку беа повредени кога беше погоден стан.

Двајца Палестинци беа убиени, а неколку други беа повредени кога израелски дрон погоди шатор за раселени лица во близина на џамијата ал-Нур во населбата ал-Римал.

Во населбата ал-Сабра, уште две лица беа убиени, а неколку други беа ранети во воздушен напад врз стан во зградата Скек, јужно од градот Газа.

Покрај тоа, двајца Палестинци беа убиени, а неколку беа ранети откако дрон погоди шатор за раселени семејства во близина на раскрсница во близина на Универзитетот Ал-Азхар, западно од градот.

Уште едно лице беше убиено, а неколку други беа ранети кога израелски воени авиони бомбардираа стан во населбата Ал-Римал.

Од почетокот на конфликтот меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас од октомври 2023 година, најмалку 64.231 Палестинец се убиени, додека повеќе од 161.583 лица се ранети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот