Фото: Профимедиа

Во Италија, електричен автомобил чини колку поскап велосипед

Италија започна исклучително дарежлива владина програма за субвенции за купување електрични возила, дозволувајќи им на граѓаните кои ги исполнуваат условите да добијат нов електричен автомобил по цена слична на онаа на електричен велосипед. Новите италијански стимулации ги намалуваат цените на електричните возила до 11.000 евра, но целосниот попуст важи само за оние кои го предаваат својот стар автомобил и имаат ниски приходи. Благодарение на оваа мерка, електричната Dacia Spring сега чини само 3.900 евра, додека Leapmotor T03 може да се купи за 4.900 евра- пренесе Каматица.

Овој план, вреден 597 милиони евра, е дизајниран да ја зголеми продажбата на електрични автомобили на најмалку 39.000 единици до јуни следната година. Моментално, целосно електричните возила сочинуваат само 5,2 проценти од италијанскиот пазар, што е значително помалку од просекот на Европската Унија од 15,8 проценти.

За да можат клиентите да го добијат целосниот попуст од 11.000 евра, тие мора да ги исполнат следниве услови: да предадат возило кое е Euro 5 или постаро, да живеат во град со повеќе од 50.000 жители, да имаат семеен приход помал од 30.000 евра годишно, а домаќинствата со приход до 40.000 евра можат да добијат намален бонус од 9.000 евра. Стимулации важат и за мали компании, за кои државата покрива 30 проценти од цената на електрично возило, до максимум 20.000 евра по возило.

Дачија ја намали почетната цена на моделот Spring во Италија од 17.900 евра на 14.900 евра. Со целосниот бонус за предавање на старото возило, цената паѓа на неверојатни 3.900 евра. Станува збор за почетна верзија на Spring Essential Electric 45, опремена со мотор од 45 КС и батерија од 26,8 kWh, што овозможува опсег од 225 километри.

Конкурентската компанија Stellantis ја намали и цената на моделот Leapmotor T03 од 18.900 евра на 15.900 евра, што значи дека со стимулации може да се купи за 4.900 евра. Според Autonews, кинескиот производител тврди дека оваа цена е пониска од она што сте го платиле за вашиот велосипед.

Електрични возила од други производители се вклучени и во оваа програма. Фиат го нуди моделот 500e по цена од 9.950 евра, а електричната верзија на новата Гранде Панда по цена од 11.950 евра. Сродниот Citroën e-C3 е достапен од 12.900 евра.

Стимулативното дејство важи до 30 јуни 2026 година или додека не се исцрпат предвидените средства.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот