дубровник
Дубрвник, илустрација / Фото: Архива на Слободен печат

Во Хрватска, цените на услугите зголемени за 7,5% за една година, а сместувањето поскапо за 16%

Цените на услужните дејности на давателите на услуги во Хрватска се зголемени за 7,5 проценти во првиот квартал од оваа година во споредба со истиот квартал од 2024-та, а услугите за сместување, за 16,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), пишува хрватски Индекс.

Цените се зголемени и кај дејностите поврзани со управување и одржување на згради и уредување и одржување, за 14,8 проценти.

Од услужните дејности во кои цените паднале во споредба со првиот квартал од минатата година, ДЗС ги наведува само водниот транспорт, со пад на цените од 10,4 проценти, емитувањето програми за 7,2 проценти и категоријата други професионални, научни и технички дејности за 6,2 проценти.

Во споредба со последниот квартал од минатата година, цените на давателите на услуги во услужната индустрија исто така се зголемиле во првиот квартал од оваа година, за вкупно 3,1 процент.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот