
Во еден француски град нема да се навива за ПСЖ: Марсеј забрани во недела да се носат дресови на големиот ривал
Токму во недела ќе се игра финалето од Лигата на шампионите во кое ќе се сретнат Баерн Минхен и ПСЖ.
Францускиот шампион за прв пат ќе игра во финалето на елитното натпреварување, но во еден француски град сигурно нема да се навува за ПСЖ.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Баерн Минхен кој е еден од најголемите и најпопуларните фудвбалски екипи во светот, денеска неочакувано доби поддршка и од најголемиот ривал на ПСЖ, Марсеј. Како што објавува весникот „Ле Паризиен“ градското собрание на Марсеј додене одлука да се забрани носење на дресови на ПСЖ во недела кога ќе се игра финалето.
Според градот, тие со оваа одлука сакаат да спречат „нарушување на јавниот ред и мир“, а засега не е познато на кој начин ќе бидат казнети лицата кои ќе ја прекршат оваа одлука. Весникот шпекулира дека тоа ќе бидат високи парични казни.
Оваа наредна на градот Марсеј доаѓа по напната вечер кога играа ПСЖ и Лајпциг во полуфиналето бидејќи навивачите на Олимпик се собраа во центарот на градот и пееја песни против ПСЖ,а згора на тоа навиваа за германската екипа.
токму ровалството помеѓу ПСЖ и Олимпик Марсеј се смета за најголемо во францускиот фудбал, а посебно голема нетрпеливост има помеѓу навивачите на двете екипи.