Во цел Западен Балкан ќе патуваме со лични карти, ќе се признаваат дипломите на докторите и архитектите

Tекстовите на договорите за движење со лични карти во Западен Балкан и за признавање на професионални квалификации биле прифатени на денешната 95-та седница, соопштија од Владата.

Владата, на предлог на Канцеларијата на Претседателот на Владата, разгледа три информации поврзани со регионалната соработка на сите шест земји во рамки на Берлинскиот процес и се прифатени усогласените текстови на договорите.

„Владата ја разгледа и ја усвои Информацијата за склучување на Договорот за слобода на движење со лични карти во Западен Балкан и го прифати усогласениот текст на Договорот. Овој Договор ги опфаќа сите шест земји од регионот и тоа: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија, во рамки на Берлинскиот процес воден од принципите на правото на ЕУ, европските вредности и добрата пракса на ЕУ. Договорот предвидува исти услови за влез, транзит, излез и краток престој на физичките лица, односно на носителите на лични карти. Со склучувањето на овој Договор се потврдува изразената подготвеност за зајакнување на регионалната соработка и меѓусебното разбирање, што ќе придонесе за економскиот развој, зголемување на економскиот раст, инвестициите и вработувањата во Западен Балкан. Исто така, земени се предвид заклучоците кои лидерите ги донесоа во рамките на Берлинскиот процес, истакнувајќи ја визијата за просперитет за луѓето од Западен Балкан, со цел да ги уживаат истите слободи, како и европските граѓани. Земена е предвид и Декларацијата на лидерите од Западен Балкан за заедничкиот регионален пазар како катализатор за подлабока регионална економска интеграција кон единствениот пазар на Европската Унија, донесена на Самитот на лидерите од Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес, реализиран во Софија на 10 ноември 2020 година“, соопштија од Владата.

Владата ја разгледа и ја усвои и Информацијата за склучување на Договорот за признавање на професионалните квалификации на докторите по медицина, докторите по дентална медицина и архитектите, во контекст на договорот за слободна трговија и го прифати усогласениот текст на Договорот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот