Мајмунски сипаници / Фото: Profimedia

Во Албанија е идентификуван првиот случај на мајмунски сипаници

Првиот случај на мајмунски сипаници е потврден во Албанија. Станува збор за млад човек во триесеттите години, кај кого е дијагностицирана оваа заразна болест, јавува албанската телевизија Топ чанел.

Според доставените податоци, пациентот покажал симптоми карактеристични за вирусот на мајмунски сипаници и бил изолиран веднаш по потврдувањето на дијагнозата. Здравствените власти се мобилизирани за да ги пронајдат неговите контакти и да го спречат понатамошното ширење на болеста.

Mладиот човек патувал во странство, барем така им кажал на лекарите кои го поврзуваат како причина за инфекцијата, бидејќи досега во Албанија не се идентификувани случаи на мајмунски сипаници или барем не се пријавени случаи од Институтот за јавно здравје.

Симптомите на оваа болест се треска, болки во телото, отечени лимфни јазли, црвенило и осип што се претвораат во плускавци со кора.

Тие обично се појавуваат на рацете, лицето и гениталиите. Мајмунските сипаници се шират преку директен контакт со заразени лица, како што е контакт кожа на кожа или интимен однос. Но, едно лице може да се зарази и преку контакт со контаминирани предмети како што се чаршафи, крпи или облека.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот