ВМРО-ДПМНЕ седиште / Фото: Слободен печат/Даган Митрески

ВМРО-ДПМНЕ: Како Заев стигнал до златна виза во Дубаи, дали иста поседува и Филипче?

Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат како поранешниот премиер Зоран Заев стигнал до златна виза во Дубаи и дали и лидерот на СДСМ, Венко Филипче поседува иста таква виза.

„Нема ниту еден демант ниту пак реакција од СДС да кажат кој е патот до поседување на златна виза во Дубаи. Да објаснат на кој начин и со кои инвестиции има златна виза во Дубаи семејството Заеви?

Како со административна плата, па бил и премиер, Заев стигнал до златна виза во Дубаи? Колку милиони чини и на кој начин се стекнати?

Дали е точно дека со оваа афера е поврзан и лидерот на опозиција и привремен чувар на местото претседател на СДС, Венко Филипче. Дали Венко Филипче поседува виза за Дубаи? На кој начин ја стекна, имајќи во предвид дека цел живот е на административна плата без ден работен стаж во приватен бизнис?

Додека велеа дека ја спасувале Македонија, тие ги спасувале милионите“, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот