СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да престане да бара алиби за да го оправда поразот на изборите

ВМРО-ДПМНЕ да престане да бара алиби за да го оправда поразот на изборите, Изборниот законик во однос на политичкото рекламирање е јасен. Во белиот дворец сè уште не можат да се помират со поразот што го доживеаја на 15 јули и затоа ВМРО-ДПМНЕ секојдневно бара ново алиби, стои во реакцијата од владејачката партија СДСМ за ставот на ВМРО-ДПМНЕ за политичкото рекламирање

-Колку и да се обидува да манипулира опозициската партија, Изборниот законик во однос на платеното политичко рекламирање и поделбата на просторот е јасен. Согласно резултатите од претходните парламентарни избори, најголемите две владејачки и опозициски партии беа СДСМ, ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ и БЕСА. Токму согласно таа распределба е распределена и Државната изборна комисија. Дали според ВМРО-ДПМНЕ и ДИК е незаконска? Парламентарните избори одржани на 15 јули беа фер, слободни и демократски, граѓаните јасно ја изразија својата волја и потврдија дека државата треба да продолжи на правиот пат-стои во реакцијата од партијата.
СДСМ ја донесе слободата, велат оттаму, ги ослободи граѓаните, компаниите, институциите, медиумите од стегите на режимот, криминалното и коруптивно однесување на деструктивната ВМРО-ДПМНЕ.
-Наместо очајно да се обидува да бара алиби и изговори, ВМРО-ДПМНЕ вината во поразот да ја бара во своите редови. Времето на медиумски мрак за кое лицемерно зборува денеска ВМРО-ДПМНЕ, заврши одамна, со падот на нивниот 11 годишен режим- стои во реакцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот