ВМРО-ДПМНЕ бара Заев да каже со кого се среќавал турски мафијаш во Владата

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ со соопштение денеска го повика премиерот Зоран Заев да одговори со кои лица имал тајни средби мафијашот Седат Пекер во зградата на Владата.
„Седат Пекер алијас Џадин Ахмедоски имал лична карта со украден идентитет. Воедно видовме дека Џадин Ахмедовски имал и втор матичен број на име Џеладин Ахмедовски. Значи Седат Пекер ги обединува аферите Мафија 1 и Мафија 2. Зошто Седат Пекер го бара Турција, а Спасовски не? Дали е точно дека турскиот мафијаш Седат Пекер имал средби со официјални лица во Владата на Заев? Зоран Заев да каже со кои луѓе во зградата на Владата имал средби, на кои теми разговарале и како се случи по наводното негово протерување од земјава тој во полициска станица да се слика за лична карта?
Какви бизниси договарал Заев во Владата и дали во тоа е вклучен неговиот брат Вице?“, птрашува опозициската партија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот