ВМРО-ДПМНЕ: Анкетите се точно такви каков што беше резултатот во Тетово, разликата е 2:1 за ВМРО

„Анкетите се токму такви, каква што е победата на ВМРО-ДПМНЕ над СДСМ во Тетово, 2:1 за ВМРО, велат од опиозициската партија во реакцијата на денешните наводи од СДСМ околу вонредните избори одржани викендов.

„Трет ден СДСМ и Ковачевски не можат да се соземат од дебаклот кој го доживеаја во Тетово, а е предвесник што ќе им се случи на предвремените парламентарни избори. Трет ден СДСМ пушта три различни тези како оправдување зошто ги изгубиле изборите и се обидува да го релативизира поразот.
Буквално во секое избирачко место во Тетово СДСМ изгуби. Така ќе биде и на парламентарните избори. Ако СДСМ и Ковачевски водеа, тие одамна ќе распишеа предвремени парламентарни избори. Единствена причина зошто уште нема избори, е затоа што знаат дека катастрофално ќе изгубат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот