
Вљубена во убиец: Елизабет прозборе за врската со човекот кој уби повеќе од 30 жени (ВИДЕО)
Никогаш не ни можев да помислам дека тој беше способен да направи такви работи, вели Елизабет.
Елизабет Кендал (вистинско име: Елизабет Клоепфер) 10 години била во врска со еден од најсуровите сериски убијци на сите времиња, Тед Банди. Банди признал убиство на 30 жени во 70-те, но постојат сомнежи дека усмртил многу повеќе жртви. Тој бил погубен во 1989 година, а токму Елизабет била таа која го пријавила во полиција.
Препорачано
За деталите од нивниот однос, таа проговотила во новата документарна серија на Amazon Prime со наслов „Falling for a Killer“. Освен таа, во серијата од 5 епизоди за убиецот Банди ќе зборува и нејзината ќерка Моли, како и други жени кои биле поврзани со неговите злодела. Елизабет после погубувањето на Банди се повлекла од јавноста.
„Прв пат долгогодишната девојка на Тед Банди, Елизабет, нејзината ќерка Моли и други преживеани, ќе ги споделат искуствата кои ги проживеале и ќе откријат нови вознемирувачки детали за Банди и моќта која тој ја имал над жените, а ќе покажат и досега невидени семејни фотографии“, пишува во описот на серијата која треба да покрие временски период од 20 години.
Од Аmazon објаснуваат дека новата серија ќе зборува за злоделата на Банди од женска перспектива и ќе фрли ново светло врз тоа како неговата длабока омраза спрема жените се вклопила во добата на феминистичкото движење во 70-те.
Токму Кендал била таа која го пријавила Банди во полиција, а во серијата зборува за тоа како било да се живее со него и се обиде да објасни како успевал да „маѓепса“ толку жени.
„Никогаш не ни можев да помислам дека Тед бил способен да направи такви работи. Се заљубив во него уште на првиот поглед, но постоеа некои работи кои не можев да ги игнорирам“, наведува таа во трејлерот на серијата.
За ликот и делото на Банди, неодамна на Нетфликс своја премиера имаше филмот со наслов „Extremely Wicked, Shockingly Evil and Vile” каде што популарниот актер Зек Ефрон го глумеше убиецот, калп и и серијата „Conversations with a Killer: The Ted Bundy Tapes“ која е снимена според мемоарите објавени во книгата „The Phantom Prince: My Life with Ted Bundy”, кои Елизабет ги напишала додека Банди бил во затвор. Тие биле во долга врска, а Елизабет открила дека долго време не можела ни да претпостави дека токму тој е личноста која е одговорна за бројните исчезнувања на младите жени во тоа време.
Во 1974 година кога Елизабет и Тед биле веќе 5 години во врска, полицијата објавила фоторобот од личноста која е осомничена за убиството на младите жени, а откриле и дека се вика Тед. Кога Елизабет го видела цртежот, сфатила дека многу личи на нејзиното момче и така започнале ужасните сомнежи. Набрзо после тоа го пријавила во полиција и открила дека во неговиот стан пронашла торба со женска облека и куп клучеви, како и завои (бидејќи Банди често се преправал дека е повреден за полесно да им се приближи на жртвите)
Меѓутоа, дури и откако го пријавила во полиција, таа не можела да го остави Тед. Сите врски со него ги прекинала дури во 1980 година, кога тој веќе започнал врска со Керол Ен Бан (која била негова пријателка со која се венчал за време на судење за убиство)
Банди често ѝ се јавувал на Елизабет од затворот и ѝ праќал писма, а во една прилика признал дека многу малку фалело и таа да се најде на списокот на жртви, но нешто посилно од него не му дозволило да го направи тоа.
„Спиев во твојата куќа и почувствував дека ми доаѓа. Навистина се трудев да го контролирам тоа“, и признал тој.
Останува да видиме кои клучни детали ќе ги открие Елизабет во новата серија за монструозниот Тед Банди.