Фото: EPA-EFE/IGOR KOVALENKO

Властите на Казахстан спречија државен удар, на неколку дена пред претседателските избори

Казахстанските власти денеска соопштија дека уапсиле седум лица кои подготвувале државен удар, пренесуваат француските медиуми.

Властите ова го соопштија неколку дена пред претседателските избори, а неколку месеци по протестите против поскапувањата на горивото, што избувнаа во јануари и во кои загинаа 238 лица.

Оттаму се наведува дека сите уапсени лица се симпатизери на прогонетиот банкар Мухтар Абљазов.

Претседателот Касим-Жомарт Токаев е кандидат за нов претседателски мандат на изборите закажани за в недела.

Седуммината уапсени се членови на „криминална организација која со месеци разговарале за плановите за организирање немири, за извршување државен удар и за прогласување привремена влада”, соопшти Казахстанскиот Комитет за национална безбедност (КНС).

Осомничените се симпатизери на Абљазов и ги делат неговите ставови, посочуваат од КНС

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот