Владимир Куновски – кандидат за градоначалник на Скопје од Движењето Слободни и независни

Владимир Куновски е кандидат за градоначалник на Град Скопје од Движењето Слободни и независни. Движењето на локалните избори ќе учествува и со свој кандидат и во Општина Чаир – Ицо Колевски. Движењето ќе има и свои кандидати за советнички листи во општините Бутел, Чаир, Гази Баба, Аеродром, Кисела Вода, Ѓорче Петров, Центар и други.

-Бидејќи Скопје повеќе не личи на град, туку на загадена и валкана фавела, ја предлагаме Визија 2050 со насоки каде би морало да се движи нормализирањето на живеењето во Скопје. Плановите треба да бидат изработени од надлежните институции во корист и тесна соработка со жителите, здруженијата и истакнати стручни поединци. Движење Слободни и независни (Слободоумни и финансиски независни) е составено од долгогодишни граѓански активисти од здруженијата Но Пасаран, Човекот над профитот и Превентива, а политички е претставено од Работничка партија Скопје, соопштуваат од Движењето Слободни и независни.

Посочуваат дека нивната програмата ќе биде со акцент на решавање на двете жешки точки ОХИС и Рашче (опасност од загадување од јаловината на Југохром).

Ќе ги поддржуваат независните листи на: Стига е – Струмица носителот на листа Ѓорѓи Танушев, Ново Село, носител на листа Стојан Трн Велков и Босилово, носител на листа Костадин Ристоманов, на Независни за Карпош – кандидатот за градоначалничка Невена Георгиевска и носителка на листа Татјана Чакулев и на Независна листа Прилеп – со Страшо Наумоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот