
Владата одлучи пензионирате пилоти на Ер-тракторите да се вратат на работа
На денешната седница, Владата даде согласност на Дирекцијата за заштита и спасување, со договор на дело да ги ангажираат двајцата пензионирани пилоти на Ер трактори.
Препорачано
„Утре рано претпладне со нив ќе биде потпишан договор на дело. Веднаш потоа Агенцијата за цивилно воздухопловство ќе ја тргне забраната за летање и Ер тракторите на ДЗС ќе може да полетаат кон пожарот на планината Серта (Конечка планина) а по потреба и кон било кој друг приоритетен пожар за гаснење“, информираа од Центарот за управување со кризи.
ЦУК информираше и дека имало 17 пожари на отворено во последното деноноќие, 14 се изгаснати од пожарникарите, а некаде заедно со месното население. Велес, два, конкретно еден кај селата Караслари, Црквино, Грнчиште (каде што горело ниска вегетација и шума) и еден кај селата Пепелиште и Војшанци (ниска вегетација и шума – смрека, даб и бор) и во Општина Струмица, с.Бадиле (ниска дабова шума).
„Генерално, од пожарот во реон на армискиот полигон „Пепелиште“, на 10-километарскиот „огнен фронт“ нема опасност и загрозување на населби, објекти и инфраструктура, според информации од терен, но и денеска од утрово се дејствува врз пожарот а ЦУК упати и барање за поддршка за целосно извидување на теренот од воздух до МВР, а и барање за извидување од воздух со дронови на Граничната полиција и на „Фронтекс“ Изгасените 14 пожари на отворено беа во општините: Велес, кај селата Отиштино и Оризари; Битола, с.Цепари; Демир Хисар, с. Мренога; Прилеп, кај Дата центарот Прилеп; Струга, с.Дологожди; Карбици 2, кај с.Крупиште и с.Карбинци; Кочани, кај Дом АСНОМ; Македонска Каменица, с.Дулица; Куманово, нас.Бабин Дол; Штип, с.Шоверлија; Петровец, пат за с.Огњанци; Зелениково, с.Зелениково и во Општина Шуто Оризари, покрај ул. „Нов живот“, информираа од ЦУК изутрината.
Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.