Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Владата на Стармер ќе ја прекине програмата за депортирање на баратели на азил во Руанда
Британскиот премиер Кир Стармер денеска потврди дека неговата новоформирана влада нема да ја продолжи политиката на неговиот претходник за депортирање на баратели на азил во Руанда, додавајќи дека веќе ниту еден авион нема да полета за оваа африканска земја, јавија британските медиуми.
Препорачано
-Шемата во Руанда беше мртва и закопана пред и да почне. Таа никогаш не беше фактор за запирање ( за пресекувањето на Ла Манш со мали бродови), рече Стармер на прес-конференција.
„Не сум подготвен да продолжам со трикови, што не делуваат како фактот на одвраќање“, додаде тој.
Откако виде дека пропадна ветувањето на Риши Сунак за „запирање на чамците“, додека повеќе од 300 милиони фунти беа потрошени за шемата во Руанда без ниту еден лет за евакуација, лабуристите им дадоа уште едно ветување на гласачите – „да ги разбијат криминалните банди со бродови“, соопшти Гардијан.
Весникот истакна дека во манифест на партијата се наведува дека таа ќе создаде нова Команда за гранична безбедност, вклучувајќи стотици специјалисти истражители, разузнавачи и прекугранични полицајци.
Новата влада планира да ги искористи парите заштедени од откажувањето на политиката на Руанда за финансирање на единицата за „гонење, пресретнување и апсење на одговорните за оваа злобна трговија“.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
4мин
-
11мин
-
15мин
-
21мин
-
28мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5