Владата ќе ги репрограмира условите на кредитот за гасификација на земјава

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница го одобри предлогот на Министерството за финансии за репрограмирање на кредитни услови на АД „НАЦИОНАЛНИ ЕНЕРГЕТСКИ РЕСУРСИ” Скопје во државна сопственост, во однос на заемот за финансирање на проектот „Гасификација на Република Северна Македонија”, добиен од Дојче банка и Ерсте банка.

Согласно оваа одлука, соопштија од владината прес-служба, Министерството за финансии е задолжено на утрешната седница на Владата да достави законско решение со новите кредитни услови за предвиденото репрограмирање и откако ќе биде утврдено на владината седница, да биде испратено до Собранието на усвојување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот