Милојко Спајиќ / Фото EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Владата и опозицијата во Црна Гора постигнаа договор за попис на населението

Владата на Црна Гора и претставници на опозициските партии постигнаа договор за задржување на пописот на населениетп, соопшти денеска премиерот Милојко Спајиќ, додавајќи дека овој процес ќе се спроведе од 30 ноември до 15 декември.

Спајиќ на прес-конференција кажа дека тоа што пописот ќе го поддржат опозицијата и парламентарното мнозинство е голема работа за Црна Гора.

Тој додаде дека се уште не добиле официјален одговор од опозицијата, но оти очекува тој да биде позитивен.

-Не сакам да прејудицирам, но тоа е мој личен впечаток, изјави црногорскиот премиер.

Спајиќ нагласи дека на овој начин треба да се решаваат сите прашања.

-Тоа е на некој начин созревање на политичката сцена. Друга работа е самото одржување. Сметаме дека е добра порака да од попишувачите да почне реализацијата на програмата на „Европа сега 2“ со зголемување на нивните попишувачки надоместоци на околу 1.000 евра, изјави Спајиќ.

Тој оцени дека тоа е „добар вовед во тоа што ќе се случува следната година“.

-Пописот ни е потребен исклучиво од технички причини, не можеме во проекти да користиме податоци од 2011 година, рече премиерот.

На прашањето дали затоа што во договорот не е наведен датумот на пописот, одржувањето на пописот може да биде предмет на одложување, Спајиќ одговори: „Отворено ја прашав опозицијата дали датумот е проблем. Тие рекоа дека не е. Проблем се условите кои мора да се исполнат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот